Во ноември 2019 година, Баерн беше разбиен на гостување кај Ајнтрахт во Франкфурт со 1-5, и навивачите уште го паметат тој дебакл, а денеска се повтори историјата и на истиот стадион против истиот противник, Баварците загубија со истиот катастрофален резултат.
За Баерн ова е прв пораз сезонава, па сега лидерот Баер Леверкузен може малку полесно да дише, има три бода повеќе од Баерн.
Ајнтрахт головите ги даде во првите 60 минути од мечот. На Баерн речиси 50 години му се немаше случено да прими пет гола за 60 минути на бундеслигашка средба. А, и тогаш во 1975 година, противникот кој пукна петарда за еден час беше Ајнтрахт.