Фудбалерите на Струга ТЛ се есенски шампиони откако во последното коло од првиот дел во Првата македонска фудбалска лига со 2:1 славеа против Брегалница.
Шкупи првиот дел од сезоната го заврши со 39 освоени бода, еден повеќе од Шкупи кој ја совлада Брера Струмица со 0:1 како гостин.
Голот кој на Струга и ја донесе есенската титула беше постигнат во 92-та минута преку Компаоре. Токму Компаоре го постигна и првиот гол за стружани во 12-та минута, а Брегалница во 72-та минута преку Велковски израмни на 1:1.
Шкупи кој минути го делеа од есенската титула, во Струмица ја совлада Брера со голот на Трапановски на стартот од второто полувреме.
Годината со победа ја заврши и Вардар кој со 2:0 го совлада Тиквеш. Глишиќ и Велковски беа стрелци за Црвено-црните кои сепак првиот дел од сезоната ќе го завршат на делба на последната позиција на табелата со 17 бода.
ПОбеда пред своите гледачи остравија и Шкендија која со 3:1 го совлада Силекс, како и Воска спорт која беше подобра од Работнички со 3:2.
Резултати:
Брера Струмица – Шкупи 0:1
Шкендија – Силекс 3:1
Струга ТЛ – Брегалница 2:1
Вардар – Тиквеш 2:0
Воска спорт – Работнички 3:2
Гостивар – Македонија ЃП 1:0
Табела: Струга ТЛ 39, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 27, Гостивар 24, Работнички 23, Тиквеш 22, Брера Струмица 20, Воска спорт 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 17, Вардар 17.