ПСЖ нема голем избор, мора да оди на победа во Дортмунд

6891 Антверпен – Барселона (21.00 часот)

Ова е дуел меѓу тимот кој нема освоено ниту бод и екипата која сигурно е прва во групата Х. Белгискиот шампион, кој има гол-разлика 3:15, е тотален аутсајдер на овој меч. Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, лут поради поразот од Жирона, одлучи во Белгија да патуваат најголемите ѕвезди на екипата кои првично сакаше да ги одмора. Првиот натпревар меѓу овие два тима заврши со убедливи 5:0 и сè освен победа за Барселона ќе претставува големо изненадување.

Предлог тип: 2-2 (2.40)

 

6890 Селтик – Феенорд (21.00 часот)

Селтик вечерва го завршува настапот во европските купови, додека Феенорд настапот ќе го продолжи во Лигата на Европа. Првиот дуел кој се играше во Ротердам заврши со триумф на холандскиот тим од 2:0. Селтик во петте меча даде само три гола и сите беа постигнати на „Селтик парк“, одигра нерешено 2:2 против Атлетико, а загуби од Лацио со 1:2. За очекување е шкотскиот шампион да направи сè за да ги израдува своите навивачи, додека Феенорд секогаш игра офанзивно. За очекување е ова да биде ефикасен натпревар.

Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (1.96)

 

6892 Порто – Шахтар (21.00 часот)

Ова е директен дуел за второто место во групата Х. И двата тима имаат по девет бода и победникот ќе оди во осминафиналето, додека поразениот се сели во Лигата на Европа. Првиот натпревар заврши со триумф на Порто од 3:1 и тоа му овозможува и со реми да го освои второто место во групата. Португалскиот тим ја има и традицијата на своја страна и нема пораз во дуелите со Шахтар. Овие два тима досега играле петпати и Порто има три победи и две ремија.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.80)

 

6017 РБ Лајпциг – Јанг бојс (18.45 часот)

Тука сè е јасно, германскиот тим е втор во групата Г и ќе игра во осминафиналето, додека швајцарскиот шампион како третопласиран ќе игра во Лигата на Европа. Во првиот натпревар победи Ред Бул Лајпциг со 3:1, а и вечерва е голем фаворит да слави пред своите гледачи, иако нема преголем императив. За очекување е да има голови на овој натпревар.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

6020 Борусија Д. – ПСЖ (21.00 часот)

Ова е натпревар да се биде или не за ПСЖ. Доколку победат, Светците не само што ќе се пласираат во осминафиналето, туку и ќе го освојат првото место во групата, со што би избегнале екипи како Реал, Барселона, Манчестер сити, Баерн. Борусија Дортмунд во претходното коло со победата во Милано од 3:1 го завери пласманот во нокаут-фазата во ЛШ, но оттогаш нема победа. Милионерите на последните три меча одиграа нерешено против Баер (1:1) во Бундеслигата и загубија од Штутгарт (2:0) во Купот на Германија и од Ред Бул Лајпциг (3:2) во Бундеслигата. Иако на последниот дуел кој се играше на „Сигнал Идуна парк“ во 2020 година победи Борусија, вечерва фаворитската улога ја има ПСЖ, кој мора да оди на победа.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.35)

- Оглас -

Најнови вести