Заврши групната фаза во фудбалската Лига на шампиони, познати се сите 16 учесници во ждрепката за осминафиналето. Извлекувањето на паровите ќе се одржи в понеделник (18 декември) на пладне.
Носители се Арсенал, Атлетико, Барселона, Баерн, Борусија, Манчестер сити, Реал Мадрид и Реал Сосиедад. Овие екипи реваншот ќе го играат дома.
Неносители се Копенхаген, Интер, Лацио, Лајпциг, Наполи, Порто, ПСВ и Пари Сен Жермен. Од оваа група, најнепосакувани ривали ќе бидат Интер и ПСЖ.
Според правилата, не може да се паднат една против друга екипи од иста земја, па затоа на Лајпциг можни ривали му се четирите шпански тимови и Арсенал.