Шуле ја изведе одбраната на векот: „Ова е како да сме дале гол“ (Видео)

Борусија Дортмунд и ПСЖ одиграа 1-1 на последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите и двете се пласираа во осминафиналето. Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен по неверојатната „одбрана“ на дефанзивецот на Милионерите, Никлас Шуле.

Во 17-тата минута од натпреварот Килијан Мбапе се најде во идеална позиција, го мина и голманот, но кога сите ја видоа топката во мрежата, како од земја да никна Шуле и ја изби во корнер.

„Рефлексно ја кренав ногата, но мислам дека мораше да го сопреме Мбапе бидејќи е познат по својата брзина. Беше тоа како да сме постигнале погодок“, вели Шуле.

- Оглас -

Најнови вести