Шок за ПСЖ: Светците примија гол во 93-тата минута и останаа покуси за два бода

Фудбалерите на ПСЖ ги делеа секунди од победата на гостувањето кај Лил, но останаа покуси за два бода пред последниот судиски свиреж.

Килијан Мбапе донесе предност за “светците“ во 66-тата минута од пенал, но Џонатан Дејвид во 93-тата минута успеа да израмни и да го постави конечниот резултат 1-1.

После 16-тото коло, екипата на ПСЖ останува лидер на табелата во француската Лига 1 со предност од пет поени пред второпласираната Ница.

- Оглас -

Најнови вести