Ракометниот плеј-оф започнува со дерби: Пелистер и Вардар ќе играат уште во првото коло!

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за плеј-офот за шампинската титула во Супер лигата. Ждрепката посака плеј-офот да започне со најголемото македонско дерби, Еурофарм Пелистер – Вардар.

Најголемите ривали во првото коло ќе играат во Битола, а во осмото ќе биде реваншот во Скопје. Еурофарм Пелистер и Вардар се очекува да водат голема битка за шампионската титула, иако во борбата за титулата може да се замеша и Алкалоид.

Двојки за 1. коло:

Еурофарм Пелистер – Вардар
Бутел – Охрид
Тиквеш – Струга
Пролет – Алкалоид

Трката за титулата ќе биде доста замешана, бидејќи Вардар и Алкалоид тргнуваат со максимални три бода во плеј-офот, додека Еурофарм Пелистер и Охрид пренесоа по два поени. Тиквеш и Бутел во разигрувањето стартуваат со по еден бод, додека Струга и Пролет без бодови.

- Оглас -

Најнови вести