По Донарума и вториот голман на ПСЖ бил цел на арамиите, неговата сопруга добила тупаница в лице

Голманот на ПСЖ, Александре Летелие, бил нападнат и ограбен во неговиот дом, и тоа додека бил заедно со сопругата и двете мали дечиња.

Полицијата експресно реагирала и уапсила тројца од четворицата напаѓачи, од кои двајца биле малолетни, по што обвинителството веднаш поднесе кривична пријава за киднапирање и обид за изнуда со оружје.

Според полицијата, сопругата на голманот добила тупаница во лицето, а напаѓачите им се заканиле со нож со цел да им ги одземат парите и накитот.

Алармот се активирал околу два часот утринава и по заминувањето на арамиите, голманот и сопругата ја контактирале полицијата.

„Алармот се активирал, а полицијата и обезбедувањето на ПСЖ реагирале експресно и ги пронашле напаѓачите“, изјавил неименуван извор од полицијата.

Ова не е прв напад на играч на ПСЖ годинава. Пред неколку месеци, во домот на првиот голман на Светците, Џанлуиџи Донарума, исто така упаднале крадци, кои ги заврзале голманот и неговата девојка и потоа ги „олесниле“ за 500.000 евра. Пред две години ограбен беше и таткото на капитенот на ПСЖ, Маркињос.

 

- Оглас -

Најнови вести