Руската фудбалска федерација (РФУ) денеска гласаше против напуштање на Европската фудбалска федерација (УЕФА) и преселба во Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), објавија руските медиуми.
ФИФА и УЕФА во февруари 2022 година ги суспендираа руските екипи и репрезентации од натпреварувањата под нивна капа, по што првиот човек на РФУ, Александер Дјуков, кој на крајот на минатата година изјави дека размислува за напуштање на Европската куќа на фудбалот и приклучување кон АФЦ.
Но, денеска е донесена одлука РФУ да остане под капата на УЕФА иако е суспендирана од сите натпреварувања.
„Одлучивме да ги продолжиме контактите со УЕФА бидејќи имаме напредок. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите идната година“, изјави Дјуков.
ФИФА и УЕФА во последните неколку дена ја ублажија суспензијата и дозволија руските репрезентации во младите категории да играат на меѓународни натпреварувања.