Фудбалскиот клуб Вардар го ослободи Бразилецот Педрињо, кој во најтрофејниот македонски првак дојде во август од бугарски Мињор Перник.
Педрињо не се прослави, влезе во игра на само девет меча, ниту еднаш не играше повеќе од 75 минути и немаше ниту гол ниту асистенција.
„Лелис Фигуередо Педрињо повеќе не е дел од ФК Вардар. Во името на клубот му се заблагодаруваме на целиот ангажман во Вардаровиот дрес. Воедно би сакале да најавиме дека во наредниот период ќе следуваат низа на промени во клубот, за кои црвено-црната јавност, навремено ќе биде известена“, порачаа вардарци.