Горазд Михајлов ќе го предводи најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар.
„ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија“, стои во соопштението на ФК Вардар.
Михајлов во првиот дел од сезоната седеше на клупата на Силекс, а интересно е што кратовчани и Црвено-црните со направија рокада. Александар Васоски по заминувањето од Вардар, седна на клупата на Силекс.