УЕФА ќе ги казни Манчестер јунајтед и ПСЖ

Дисциплинската комисија на УЕФА на 28-ми февруари ќе ги изрече казните за Манчестер јунајтед и ПСЖ по вчерашните немили сцени на „Олд трафорд“.

Јунајтед ќе одговара за недоличното однесување на своите навивачи, кои фрлаа предмети на теренот кон Анхел Ди Марија, додека пред почетокот на натпреварот гостинските навивачи користеа пиротехника на стадионот, па така и ПСЖ ќе добие санкција.

Францускиот првак има два гола предност по првата пресметка против екипата која ја води Оле Гунар Солскјер, додека реваншот кој ќе се игра во Париз е предвиден за шести март.

 

- Оглас -

Најнови вести