На светското првенство 2021 година ракометниот свет го запозна Готје Мвумби, џиновскиот пикер на селекцијата на ДР Конго. Тежок над 130 килограми, Мвумби едноставно беше незадржлив за противничките играчи, а иако неговата селекција не постигна некој успех на Мундијалот, на еден меч беше прогласен и за МВП на теренот.
Мвумби и по тоа Светско првенство продолжи активно да игра, и тоа во францускиот Руен, а изминативе денови повторно беше во центарот на вниманието, овојпат на африканското континентално првенство.
Пивотот на ДР Конго делува дека е уште подебел од тоа што беше пред три години, а со националниот тим стигна до четвртфиналето на континенталниот собир. Во групната фаза, ДР Конго ги победи Замбија и Руанда, а потоа загуби од Зеленортски Острови. Во денешното четвртфинале, ДР Конго загуби од Алжир со 35:23, иако на полувреме водеше со 15:14.
View this post on Instagram