Бомба: Чави си оди од Барселона на крајот од сезоната

Чави Ернандес по состанокот со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, одлучил да на крајот од сезоната да го напушти тренерското столче на каталонскиот тим.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1751349450264469775?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751349450264469775%7Ctwgr%5E14c926e99eeea51ad35f993245c3a6de8d8c5c7c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.redditmedia.com%2Fmediaembed%2F1ackydc%2F%3Fresponsive%3Dtrueis_nightmode%3Dfalse

 

Чави сезонава се наоѓа под голем удар на навивачите на Барселона и на медиумите поради слабите резултати на каталонскиот тим, и по вечерашниот пораз од Виљареал од 3:5 на кој прими голови во 99-та и во 101-та минута, одлучил на крајот од сезоната да си замине.

 

Според медиумите, прес-конференцијата по мечот со Виљареал доцнела бидејќи Чави имал итен состанок со претседателот Лапорта, на кој наводно била донесена одлука легендарниот капитен да ја напушти клупата.

Барселона сезонава влезе со големи амбиции, но остана без трофејот во Супер купот откако во финалето загуби од Реал Мадрид со 4:1, пред неколку дена загуби и во шпанскиот Кралски куп од Атлетик Билбао (4:2), а во Ла Лига има десет бода помалку од лидерот Реал.

- Оглас -

Најнови вести