Чави: Новинарите не ми дозволија за Барселона да бидам тоа што беше Фергусон за Манчестер јунајтед

Чави Ернандес по синоќешниот пораз на Барселона од Виљареал од 3:5 на прес-конференцијата изјави дека на крајот од сезоната ќе си замине од клупата на каталонскиот тим.

Иако има договор со 2025 година, Чави поради слабите игри на Барселона сезонава, одлучи предвреме да го раскине договорот со Барселона.

„Не знам колку пати ме прашаа дали јас ќе бидам сер Алекс Фергусон за Барселона. Вистината е дека тоа никогаш нема да се случи. Вие новинарите не го дозволувате тоа. Многу е тешко да се биде тренер на Барселона. Гледаш како те критикуваат и како сакаат да те „убијат“ и верувајте, сето тоа влијае на мене“, изјави Чави.

Чави на клупата на Барселона седеше на 122 натпревари и има учинок од 76 победи, 26 порази и 20 нерешени натпревари. Минатата сезона ја освои титулата во Ла Лига и триумфира во шпанскиот Супер куп.

- Оглас -

Најнови вести