Тренерот на Барселона и легенда на клубот, Чави Ернандес, ги изненади сите со најавата дека на крајот од сезоната си оди од клубот. Ваквиот развој на настаните доаѓа по тешкиот пораз од Виљареал на домашен со 3-5 во саботата.
На почетокот на оваа сезона Чави и неговиот стручен штаб потпишаа нови договори со важност до летото 2025 година, со повисоки плати, па така тренерот доби осум милиони евра годишно, наместо четири, а неговиот стручен штаб четири милиони евра, наместо дотогашните 1.5 милиони.
Сега со раскинот на договорот, на тренерите треба да им бидат исплатени сите плати до крајот на договорот, но Чави и неговиот стручен штаб уште еднаш ја покажаа љубовта кон Барселона и одлучија да се откажат од парите кои треба да ги добијат за да можат финансиски да го помогнат клубот кој е во криза.