Тренер кој десет години нема ангажман е желбата на Барселона за наследник на Чави

Раководството на Барселона е во потрага по нов тренер по најавата на Чави Ернандес дека на крајот од тековнава сезона си оди од кормилото на Каталонците. Голем број имиња продефилираа од саботата до денес, а сега се појави и ново име, кое наводно веќе имало и состанок со Лапорта.

Се работи за легендарниот Холанѓанец Франк Рајкард, кој од 2003 до 2008 година веќе беше на клупата на Барселона. Потоа следуваше ангажман во Галатасарај, а од 2011 до 2013 година беше и селектор на Саудиска Арабија.

Рајкард од тогаш нема ангажман иако во мандатот во Барселона беше и повеќе од успешен со освоена Лига на шампиони, два трофеи од Ла Лига и исто толку од шпанскиот Супер куп.

- Оглас -

Најнови вести