Вардар загуби од тим кој домашното првенство го освои со 24 победи во 24 кола

Скопски Вардар го претрпе вториот пораз на подготовките во Турција, овојпат Црвено-црните загубија со минимални 0-1 од шампионот на Туркменистан, Аркадаг.

Аркадаг е клуб кој е државен проект, формиран е лани и во него играат сите најдобри фудбалери од Туркменистан, а домашната лига ја освоија со неверојатен ефект од 24 победи во 24 меча. Победничкиот гол против Вардар, Аркадаг го даде во второто полувреме. Вардарци втор меч по ред не успеаја да дадат гол, а денеска имаа неколку големи шанси кои не ги реализираа.

Следниот натпревар на Вардар во Анталија е в сабота (3 февруари) против узбекистанскиот прволигаш Металург Бекабад.

- Оглас -

Најнови вести