Неверојатен потег: Лапорт даде гол од 70 метри, Ал-Наср без Роналдо го понижи Интер Мајами без Меси (Видео)

Целиот фудбалски свет вечерва очекуваше да го гледа последниот танц на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но наместо тоа, Ал-Наср и Интер Мајами играа без своите две најголеми ѕвезди.

Роналдо поради повреда остана во свечената ложа, а Меси беше на клупата за резерви кај тимот од САД. Во отсуство на овие двајца, целата слава на теренот му припадна на стоперот на Ал-Наср, Ајмерик Лапорт.

Ал-Наср започна силно и со головите на Отавио и Талиска поведе со 2:0 само по 10 минути игра. Шоуто продолжи со погодокот кој ќе се прераскажува. Беше досуден фаул на Ал-Наср на половината на домашниот тим, а Лапорт ја намести топката и неочекувано, од 70 метри шутираше кон противничкиот гол.

Голманот на Интер Мајами беше излезен далеку од својот гол и кога тргна да се враќа назад, беше прекасно затоа што шутот на Лапорт беше милиметарски прецизен и даде спектакуларен гол.

https://twitter.com/i/status/1753120430133514397

Во второто полувреме Ал-Наср постигна уште три гола, Бразилецот Талиска комплетира хет-трик, а тимот од Саудиска Арабија буквално го понижи Интер Мајами победувајќи го со убедливи 6:0. При резултат од 6:0, во тимот на Интер влезе Меси и ги одигра последните 10-тина минути.

- Оглас -

Најнови вести