Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, недвосмислено рече дека Реал Мадрид ја има поддршката на судиите веќе 70 години, а денес поддршка доби и од тренерот Чави Ернандес.
– „Веќе ви реков дека не сакам да ги условувам судиите, но тие го прават тоа секој викенд. Судијата воопшто не ни помогна. Мораме да играме. Се согласувам во потполност со она што го кажа претседателот. Не сум претседател на Сојузот или Ла Лига. Чудно ми е како ние тоа им го дозволуваме. Тоа во целост го менува натпреварувањето. Дури и слепиот може да го види тоа. Симеоне го кажа истото. Не сме будали, сите го гледаат тоа.“ – рече Чави на официјалната прес-конференција пред дуелот со Алавес.
Претходно и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го обвини градскиот ривал дека фаворизиран од судиите.