Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, минатиот викенд објави дека на крајот од сезоната си заминува од клупата на каталонскиот тим, а според шпанските медиуми, тоа можело да се случи и изминатите денови доколку управата ги игнорирала неговите закани.
Имено, Барселона во последните денови од зимскиот преоден рок донела одлука да го продаде клучниот играч во одбраната, Роналд Араухо, на Баерн Минхен, но трансферот го стопирал токму Чави.
Тој и порачал на управата дека сака гаранција дека Араухо нема да биде продаден пред неговото заминување и доколку ги игнорираат неговите зборови, тој веднаш ќе си поднесе оставка.
Чави го добил тоа што го сакал, Барселона се повлекла од преговорите со Баерн Минхен.