Чави шокиран од уште една неправда: Ги молам судиите само да ни дозволат да се натпреваруваме (Видео)

Барселона победи со 3:1 на гостувањето кај Алавес, но триумфот на каталонскиот гигант остана во сенка на исклучувањето на Витор Роке. Младиот Бразилец во игра влезе во 59 минута, а само четири минути подоцна даде гол за 3:1.

Неколку минути подоцна, Роке доби два жолти картони, па автоматски беше исклучен. Првиот картон го доби поради удирање со лакт на противникот при борба за позиција, а потоа поради остарт старт, барем според убедувањата на главниот судија Хозе Луис Мунуере.

Тренерот на Барселона Чави Ернандес беше многу разочаран и изјави дека ова е уште една неправда кон неговиот тим. Тој најави дека ќе се жали и ќе бара црвениот картон на Роке да биде поништен.

„Ова е уште една судиска грешка на наша штета. Уште една неправда. Нема веќе ништо да коментирам. Само погледнете ја снимката. Нема веќе што да зборувам за судиите, но барам само едно нешто, а тоа е да нѐ оставите да играме фудбал, да се натпреваруваме“, рече разочараниот Чави.

- Оглас -

Најнови вести