Фудбалерите на Вардар во моментов се во турскиот туристички центар, Анталија, каде се на подготвоки во пресрет на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига. Сепак, вардарци не го заборавија роденденот на великанот Гоце Делчев и испратија порака: „Вардар во срцето, Македонија во душата“.
Најголемиот македонски револуционер во историјата, Гоце Делчев, е роден на денешен ден пред 152 години, односно во 1872 година во градот Кукуш.