Лоши вести за Реал: Повредата на Белингам не е наивна, ќе мора да паузира

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингам, во 57-мата минута од дуелот против Жирона мораше да биде заменет. Англичанецот до тој момент постигна два погодоци и го предводеше „кралскиот“ клуб до нова победа над директниот конкурент за првата позиција на табелата.

Првичните најави беа дека повредата не е сериозна и тој веќе на дуелот против Лајпциг од осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се најде во составот на Реал. Сепак, лекарските прегледи покажаа дека повредата не е наивна. Белингам ќе го нема на терените најмалку 20-тина дена, а тоа значи нема да биде во составот за првиот дуел со Лајпциг, но и на лигашките дуели против Рајо Ваљекано, Севиља и Валенсија.

Репрезентативецот на Англија на зелените терени ќе се врати најрано за реванш дуелот против Лајпциг, кој на програмата е на шестти март.

- Оглас -

Најнови вести