Барселона направи голем кикс и одигра само 3-3 против претпоследната екипа на табелата, Гранада, на домашен терен. Каталонците сега имаат заостанување од 11 поени зад Реал Мадрид и слободно може да се збогуваат од титулата, ако воопшто и досега имаа шанси за одбрана на трофејот.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, на официјалната прес-конференција по натпреварот рече дека сè уште имаат шанси за одбрана на трофејот, но што навистина мисли за играта на неговата екипа, повеќе кажува видеото во прилог отколку она што го кажа на пресот.
Чави употреби пцовки кон играчите, шутираше топки, но и неконтролирано удираше на столчињата од клупата за резерви за време на натпреварот.
El enfado de Xavi tras el empate del Granada.#DeportePlus pic.twitter.com/VsqRp3kuoW
— Fútbol en Movistar Plus+ (@MovistarFutbol) February 11, 2024