Скандал во Саудиска Арабија: Петмина репрезентативци добија суспензии

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија суспендира петмина репрезентативци бидејќи не се одзвале на повикот на селекторот Роберто Манчини, но и дека меѓу себе разменувале навредливи пораки за Италијанецот.

Најлошо од сите мина клупскиот колега на Кристијано Роналдо од Ал-Наср, голманот Наваф Ал-Акиди, кој заработи суспензија од пет месеци, но ќе треба да плати и парична казна од 75.000 евра.

Маран, Ал-Ганам и Хазизи заработија суспензија од по еден месец и парични казни од 50.000 евра, додека фудбалерот на Ал-Хилал, Салман Ал-Фараџ, мина најлесно и тој ќе треба да плати само 25.000 евра.

Сите петтмина одбиле да се приклучат на собирот на репрезентацијата во знак на протест за назначувањето на Роберто Манчини за селектор на Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести