Татко му беше легенда на Реал Мадрид, а тој си го исполни сонот да заигра со Лионел Меси во ист тим

Многу млади фудбалери сонуваат да ги запознаат своите идоли, а ретки се тие кои може да ја имаат привилегијата да играат заедно со нив. Таков е случајот со Федерико Редондо. Тоа е 21-годишен дефанзивен играч за врска кој реши да потпише за Интер Мајами.

Федерико е син на славниот фудбалер Фернардо Редондо, кој со игрите низ кариерата се стекна со статус на легенда во Реал Мадрид. Иако Меси беше најголемата енигма за Реал Мадрид во историјата, Федерико го имаше Аргентинецот за идол и едноставно имал голема желба да заигра со Меси.

За Федерико се интересираа европските гиганти Баерн Минхен, Милан, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, но талентираниот играч реши да замине во САД за да му се оствари сонот да биде соиграч на Меси, па од тимот на Аргентинас јуниорс за сума од осум милиони долари направи трансфер во Интер Мајами.

 

- Оглас -

Најнови вести