Фудбалот е безвреден без навивачите е една од главните девизи по кои се водат навивачите во Германија. Во изминативе две недели фановите во Германија протестираат поради идејата да се дозволи клубовите да може да бидат приватизирани, односно да се дозволи физичко или правно лице да има 50+1 отсто од акциите, што досега е невозможно.
За да покажат каква е моќта на навивачите, фановите во викендот кој измина решија да бојкотираат дел од мечевите во Бундеслигата, но затоа целосно ги поддржаа клубовите кои играат во Бундеслига 2, популарната Цвајте.
Со години наназад Бундеслигата е најгледано натпреварување во цела Европа, но викендов кој измина, Бундеслигата не беше најгледана ниту во Германија. Само 261.099 гледачи имаше на стадионите во Бундеслигата, додека во Бундеслига 2 (Цвајте) имало вкупно 284.643 гледачи.
🇩🇪 This weekend, for the first time ever, total attendance in the 2. Bundesliga (284,643) was higher than the Bundesliga (261,099):
📈 Incl:
Schalke 1-0 Wiesbaden (60,542)
Hertha 3-2 Magdeburg (52,652)
Nürnberg 1-1 Kaiserslautern (35,462)
Hannover 2-1 Fürth (31,500)via @kicker
— Matt Ford (@matt_4d) February 19, 2024
Најмногу гледачи во Цвајте имаше на стадионот во Гелзенкирхен на дуелот Шалке – Висбаден (60.542 гледачи). Потоа следуваа дуелите Херта – Магдебург (52.652 гледачи), Нирнберг – Кајзерслаутерн (35.462) и Хановер – Фурт (31.500 гледачи).
Инау воопшто не е чудно да има толку многу гледачи во Цвајте затоа што минатата година тоа беше петтото најгледано првенство веднаш зад Бундеслигата, англиската Премиер лига, шпанската Примера дивисион и италијанската Серија А.