Ал-Наср во 23-тото коло од саудиската Про лига како гостин го совлада Ал-Шабаб со 3:2, а Кристијано Роналдо повторно се запиша во листата на стрелци, но овој пат не беше херој на својот тим.
Роналдо во 21-та минута од пенал го отвори резултатот, но заслугите за триумфот на Ал-Наср одат на сметка на Бразилецот Талиска кој постигна два гола.
Бразилецот во 46-та минута погоди за 1:2, а голот вреден три бода го даде во 86-тата минута.
Головите за Ал-Шабаб ги постигнаа Караско во 45-тата и Карлос јуниор во 67-та минута.