Лионел Меси го постигна својот прв гол сезонава во МЛС-лигата, и тоа во 92-рата минута за да го спаси Интер Мајами од пораз против Лос Анџелес галакси.
Галакси водеше 1-0 со гол на Дејан Јовељиќ, а во 92-рата минута тимот од Мајами изедначи по една мајсторска акција на Жорди Алба и Меси. Аргентинецот беше стрелец на голот.
Погледнете ја серијата додавања на Алба и Меси, како и завршниот удар со кој беше матирана противничката одбрана:
https://twitter.com/i/status/1761966538003992689