Екипата на Баер Леверкузен е најголемото изненадување оваа сезона во Бундеслигата, но и воопшто во цела Европа. Движечка сила на теренот на Фармацевтите е младиот Флоријан Вирц, на чиј потпис се надева буквално половина европска елита. Сепак, 20-годишниот фудбалер има договор за уште три сезони со Баер Леверкузен, а неговиот татко, воедно и негов менаџер, открива кој им се плановите за иднината.
„Флоријан има договор со Леверкузен до 2027 година и тоа значи дека дотогаш ќе остане во клубот. Ќе чекаме уште две години, а потоа ќе видиме каде ќе нѐ однесе патот“, вели Вирц постариот.
Тоа значи дека европските гиганти ќе мора да почекаат уште некое време за потписот на Флоријан Вирц, а според шпекулациите, интерес за него веќе има од Манчестер јунајтед, Челзи и Манчестер сити. Моменталната вредност му е 100 милиони евра.