Интер Мајами убедливо со 5:0 го победија Орландо во второто коло од американската МЛС во меч на кои блескаа некогашните ѕвезди на Барселона. Лионел Меси и Луис Суарес постигнаа по два гола, а покрај погодоците, имаше еден необичен момент кога Аргентинецот се обиде да погоди од слободен удар.
Беше досуден фаул за Интер Мајами на околу 20 метри, а Меси се обиде со префрлање на „живиот ѕид“ да постигне гол. Сепак, освен противничките играчи, Меси со шутот го префрли и голот, па топката заврши на трибината, и тоа веднаш до едно мало детенце, кое беше во првите редови.
Топката се одби и на крајот заврши во детенцето кое носеше дрес на Интер Мајами и на крајот немаше никакви негативни последици.
أب يحاول إسكات إبنته التي تبكي بعد ركلة ميسي الحرة: 'لم يحدث شيء يا إبنتي! ميسي هو منحها لك' pic.twitter.com/iXrRqhq1ge
— Messi Xtra (@M30Xtra) March 3, 2024