Поранешниот бразилски репрезентативец Зе Роберто изгледа фантастично и на 50 години и се пофали дека неговото тело е „машина“.
Зе Роберто за шпанската „Марка“ ја откри тајната на неговата долговечност бидејќи во пензија замина на 44 години и оттогаш нова љубов му е кревањето тегови.
„Сфатив дека моето тело е машина и дека мора да се одржува. Секој човек мора да има слободно време, но исто така мора да разбере како да ја продолжи својата кариера, а притоа да има време за сè останато. Тоа што јас правев со моето тело беше со причина да ја продолжам кариерата. Кога почнав да се грижам за него, ја продолжив и кариерата“, изјави Зе Роберто.
Бразилецот во неговата долга кариера најголем белег остави во Баерн Минхен, а има играно и за Португеза, Реал Мадрид, Фламенго, Баер Леверкузен, Сантос, Хамбургер, Гремио, Ал-Гарафа и Палмеирас.