Кристијано Роналдо и Ал-Наср и трет натпревар по ред не знаат за победа, откако вечерва загубија од Ал-Раед со 1-3 на домашен терен. Екипата на португалецот најпрво одигра 4-4 дома со Ал-Хазем, а потоа доживеа пораз од 1-0 во азиската Лига на шампиони од Ал-Аин на гости.
Ал-Наср со денешниот пораз уште повеќе се оддалечува од трката за шампионската титула и веќе има заостанување од девет бода позади Ал-Хилал, но и натпревар повеќе од најголемиот конкурент.
Во лоша форма е и Кристијано Роналдо, кој откако ја одлежа суспензијата против Ал-Хазем, не успеа да погоди во Лигата на шампионите и на денешниот натпревар.