Шкендија го победи Вардар со 1-0, со голот на Имери во првото полувреме, а тренерот на тетовци, Ќатип Османи, вели дека е задоволен од исходот и освоените бодови, а сепак е претпазлив кога се говори за нова титула.
„Имаме убава предност за помирно продолжение на шампионатот, но за титула е прерано да се говори. Има уште доста натпревари до крајот и мора да бидеме максимално фокусирани за да ја оствариме целта“, вели Османи.
Вардар постигна гол, по бомбата на Филип Најдовски, но судиите не видоа дека топката заврши зад гол-линијата, па Шкендија ги освои бодовите.
„Победата ни беше императив и задоволен сум како се однесуваа играчите. Постигнавме еден гол, а можевме и повеќе, особено во второто полувреме. Најважно е што победивме и ги освоивме бодовите“, додаде Османи.
Шкендија сега има плус 8 бодови во однос на Вардар и 10 повеќе од Академија Пандев.