Голден Стејт вориорс како гостин го победи ЛА Лејкерс со 128-121 и го прескона ривалот на табелата, па сега Стеф Кари и другарите се деветти, а Езерџиите десетии на Западот во НБА лигата.
Леброн Џејмс даде 40 поени, но овој меч ќе се памети по нешто друго. На 1,47 минути до крајот, се расипа помошниот семафор во салата кој го одбројува времето за напад. Поправката траеше релативно кратко, но кога ќе требаше мечот да продолжи, семафорот повторно се закочуваше и не работеше.
Ова доведе до голема фрустрација кај играчите и публиката. На трибините беше и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој после мечот со Кари си разменија потпишани дрес и тениски рекет.
Поради проблемите со семамфорот во салата, последните две минути од средбата траеја 23 минути и 27 секунди во реално време, а за да се доиграат последните 15 секунди, се чекаше дури 16 минути.
This sequence was … something pic.twitter.com/HgnGL4zzfC
— Warriors on NBCS (@NBCSWarriors) March 17, 2024