Фановите на Барселона беа најголеми навивачи на Манчестер сити во дуелите со Реал Мадрид. Очекуваа нивниот најомразен ривал да биде прегазен од екипата на Пеп Гвардиола, но тоа не се случи, па сега навивачите на Реал ги дочекаа своите пет минути.
Пред три недели, бугарската легенда Христо Стоичков, кој повеќе го мрази Реал отколку што ја сака Барса, заедно со уште еден прокламиран антимадридист, Кристобал Сорија, му се смееја на Реал и снимија клип на кој говореа како Сити ќе го растури Реал со 6-0 и во Мадрид и во Манчестер.
„Нема да имаат милост, уште на првиот меч во Мадрид ќе биде 0-6“, рече лошиот прогнозер Стоичков.