Најдобриот и најтрофеен скијач во историјата, Марсел Хиршер, после пауза од пет години повторно ќе може да го гледаме на скијачките терени. Тој се одлучи да ја прекине пензијата и на 36-годишна возраст повторно да се врати на натпреварите од Светскиот куп.
Сепак, тој нема да скија под знамето на Австрија, како што беше кога постигнуваше големи успеесе и неприкосновено владееше, туку ќе настапува за Холандија, земјата од која потекнува неговата мајка. Токму неговата мајка е клучниот фактор за враќањето на скијачките патеки, но и настапот под холандско знаме.
Марсел Хиршер во својата кариера осумпати го освои Големиот кристален глобус за најдобар скијач во Светскиот куп, и тоа во периодот од 2012-тата до 2019-тата година. Австриецот има и три одличја од Олимпијадите, 11 од светските првенство, а во Светскиот куп победи на 67 трки.