Леклер во родното Монте Карло ја прекина доминацијата на Ферстапен

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Монте Карло со што ја прекина доминацијата на актуелниот шампион Макс Ферстапен.

На досегашните седум трки сезонава, Ферстапен постојано стартуваше од пол-позицијата, а Леклер денеска успеа да ја прекина оваа низа. Неговото време од 1:10,270 минута беше најбрзо во квалификациите и возачот кој е роден токму во Монте Карло, на утрешната трка ќе стартува од пол-позицијата.

Второ најдобро време во квалификациите оствари возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше за 0,154 секунди поспор од Леклер, додека трет беше вториот возач на Ферари, Карлос Саинс.

Четвртото место во квалификациите му припадна на Ландо Норис од Мекларен, а Џорџ Расел од Мерцедес беше петти. Актуелниот шампион Макс Ферстапен ќе стартува од шестото место, меѓу најдобрите десет возачи во квалификациите се најдоа уште и Луис Хамилтон, Јуки Цунода, Алекс Албон и Пјер Гасли.

- Оглас -

Најнови вести