Останувањето на Чави на клупата на Барселона донесе многу радост за еден фудбалер

Раководството на Барселона пред неколку дена објави дека успеале да го убедат Чави Ернандес да остане тренер уште една сезона. На ваквата информација најмногу се израдува Серхи Роберто, чиј договор истекува на крајот од сезоната и веќе му беше најавено дека нема да му биде продолжен.

Сепак, сега работите се менуваат, а Чави верува во неговите квалитети и нема да дозволи тој да си од оди од „Камп ноу“. Серхи е дете на Академијата на Барселона, а сениорската кариера ја започна пред 11 години. Триесет и двегодишниот фудбалер оваа сезона забележа 20 настапи и сосема ја оправда довербата која ја имаше Чави во неговите фудбалски квалитети. Се очекува неговиот договор да биде продолжен на уште една сезона.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1785241180462051774?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1785241180462051774%7Ctwgr%5E421009b7b2c66e7e8583baae9ac4e1e1f5d1a3f8%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fbarcelona-sergi-roberto-novi-ugovor-ostanak%2F473664

- Оглас -

Најнови вести