Чаби Алонсо откако со Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата, изјави дека и следната сезона ќе седи на клупата на германскиот тим, а луѓето од управата немаат дилеми кој ќе биде неговиот следен клуб.
Чаби сезонава направи нешто неверојатно, ја освои титулата без пораз, ја прекина доминацијата на Баерн Минхен, кој веднаш посака да го види на својата клупа, но Шпанецот ладно ги одби и според челниците на Баер Леверкузен, тој идната година ќе седне на клупата на Реал Мадрид.
Магазинот „Билд“ повикувајќи се на извори од управата на Баер, пишува дека Чаби Алонсо уште сега се договорил со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во 2025 година да го наследи Карло Анчелоти.