Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во една сезона во историјата на првенството на Саудиска Арабија

Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо со 35 гола е најдобар стрелец оваа сезона во првенството на Саудиска Арабија, со што влезе во историјата како фудбалер со најмногу постигнати голови во една сезона. На втората позиција на листата на стрелците заврши Александар Митровиќ со 28 гола.

Досегашниот рекорд беше на Абдеразак Хамдалах од сезоната 2018/19, кога беше најдобар стрелец со 34 гола. И Хамдалах беше фудбалер на Ал-Наср кога го постави рекордот.

Ал-Наср сезоната во првенството на Саудиска Арабија ја заврши на втората позиција, со што ќе игра во азиската Лига на шампиони следната сезона. Клубот на Кристијано Роналдо ја заврши сезоната дури со 14 бода помалку од шампионот Ал-Хилал.

- Оглас -

Најнови вести