Кепа објасни зошто не сакал да излезе од игра, дали Сари ќе му прости?

Манчестер сити го одбрани трофејот во Лига купот на Англија, а во центарот на вниманието беше одбивањето на голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, да излезе од игра во 120-тата минута. Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, реши да го замени Кепа мислејќи дека е повреден, но шпанскиот голман одби да излезе велејќи дека е добро и дека може да ги брани пеналите.

По оваа одлука на Кепа, тренерот Сари збесна. На крајот, Кепа одбрани еден од петте удари на играчите на Манчестер сити, но тоа не беше доволно бидејќи фудбалерите на Челзи утнаа два пати, па „граѓаните“ се радуваа. Иако многумина навивачи на Челзи сметаат дека Кепа требало да излезе од игра, по мечот, тренерот Сари застана во одбрана на чуварот на мрежата, но дали навистина така мисли или тоа е само изјава за медиумите, ќе се види уште на следниот натпревар на Челзи. 

Кепа реши самиот да објасни што се случило и преку социјалните мрежи даде свое видување на целата ситуација.

„Вознемирен сум и тажен бидејќи не го освоивме трофејот. Се боревме до крајот против еден сјаен тим. Ќе продолжиме да работиме уште подобро. Исто така, сакам да дадам некои работи за мечот. Како прво, сакам да кажам дека ми е жал за начинот на којшто заврши. Не ми беше намерата да одбијам никаква одлука на тренерот. Мислам дека во прашање беше недоразбирање. Тренерот мислеше дека не сум во состојба да продолжам, а мојата реакција беше за да му покажам дека сум во ситуација да му помогнам на тимот. Недоразбирањето траеше сè додека лекарите не дојдоа до клупата и му го кажаа тоа. Имам целосно почитување кон тренерот и неговиот авторитет“, објасни Кепа.

 

- Оглас -

Најнови вести