Сари прво дивееше, а потоа даде чудна изјава: Кепа беше во право

Челзи послабо ги изведуваше пеналите и затоа го загуби финалето во Лига купот од Манчестер сити. По 90 и потоа дополнителните 30 минути немаше погодоци, па мораше да се шутираат по пет пенали на двете страни. Сити беше подобар со 4-3 и го одбрани трофејот.

Иако имаше пенал-возбудувања, сепак моментот на мечот се случи кога голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, одби да излезе од игра во 120-тата минута, кога тренерот Маурицио Сари сакаше да го замени. Шпанскиот чувар на мрежата не сакаше да излезе, а Сари едноставно збесна. 

Тренерот на Челзи по мечот се обиде да ја смири ситуацијата, па дури рече дека Кепа бил во право со својата одлука да не излезе, иако тренерот тоа го побара од него.

„Тоа беше недоразбирање. Мислев дека Кепа нема да биде подготвен за пеналите. Сакав Кабалјеро да влезе во игра бидејќи се плашев дека Кепа ќе има грчеви. Сепак докторите ми објаснија дека не се работи за грчеви. Морав да разговарам со нив и да знаат дека поради ваквите недоразбирања потоа ќе имаме многу проблеми, посебно во медиумите. Тоа беше големо недоразбирање. Кепа беше во право, но на погрешен начин го демонстрираше тоа“, објасни Сари по загубеното финале.

- Оглас -

Најнови вести