Фудбалскиот сојуз на Хрватска информира дека се продадени сите билети кои беа пуштени во продажба за пријателскиот натпревар против Македонија. Стадионот во Риека има капацитет за 8.279 гледачи и нашите фудбалерите ќе играат пред полни трибини.
Стадионот „Руевица“ е изграден во 2015 година, а во 2017 беше проширен неговиот капацитет на сегашните малку повеќе од 8.000 гледачи. Тој беше изграден како замена за легендарната „Кантрида“, која и ден-денес постои.
Натпреварот помеѓу Хрватска и Македонија се игра во понеделник, на трети јуни со почеток во 19 часот.