Роналдо плачеше како мало дете откако не го освои ни Купот во С. Арабија (Видео)

Кристијано Роналдо има сезона за заборав, барем што се однесува до освојувањето на трофеи. Легендарниот Португалец сезоната ја завршува без ниту еден трофеј со тимот на Ал-Наср.

Во првенството на Саудиска Арабија Ал-Наср заврши на второто место, во Суперкупот загуби во финалето, беше елиминиран во азиската Лига на шампиони, а синоќа Роналдо и другарите загубија и во финалето на Кралскиот куп на С. Арабија. Веднаш по завршување на финалето, Роналдо почна да плаче.

https://twitter.com/i/status/1796653507379904733

Соиграчите и членовите на клубот се обидоа да го утешат Роналдо, но едноставно Портигалецот не е научен да завршува без трофеј, иако сезонава тој е најдобар стрелец во оваа земја и ја освои Златната копачка.

https://twitter.com/i/status/1796650886409949244

Во големото финале, Ал-Наср на пенали загуби од Ал-Хилал тимот кој е и првак на земјата. Голема драма имаше во финалето. Ал-Хилал водеше со 1:0, Ал-Наср остана со играч помалку, за потоа два црвени картони да добијат фудбалери на Ал-Хилал и тимот на Роналдо да израмни на 1:1. Во пенал-рулетот, Ал-Наср имаше пенал за победа, но го промаши и на крајот Ал-Хилал се радуваше.

 

- Оглас -

Најнови вести