Репрезентациите на Португалија и Хрватска во сабота ќе ја имаат генералната проба пред Европското првенство во Германија. Сепак, и на овој натпревар за Португалците нема да настапи Кристијано Роналдо, па рушењето на светскиот рекорд најверојатно ќе се случи на натпреварот против Ирска на континенталниот собир.
Кристијано Роналдо во својата кариера има одиграно вкупно 1226 натпревари на високо ниво, колку што има и бразилскиот голман Рожерио Цени, кој се пензионира во 2015 година. Тука се пресметани првенствените и куп натпреварувања, меѓународните натпревари, како и репрезентативните настапи.
Кога се работи за репрезентацијата, Кристијано Роналдо веќе е светски рекордер со вкупно 206 настапи за Португалија.