Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинез, ги истакна лидерските квалитети на Кристијано Роналдо во пресрет на Европското првенство.
„Нема друг играч во светскиот фудбал кој може да го даде на соблекувалната она што го дава Кристијано. Ова ќе му биде шесто Европско првенство. Роналдо е единствениот кој одиграл пет. Зборуваме за уникатно достигнување за светскиот фудбал и ова искуство е важно. Исто така, на теренот има и други играчи кои треба да носат одлуки. Кристијано е подготвен да помогне и да даде сѐ што може“, изјави Мартинез.
Репрезентацијата на Португалија во групната фаза на континенталниот шампионат ќе игра против Грузија, Чешка и против Турција.