Руди со шутерско шоу и солзи во очите се прости од публиката во Мадрид (Видео)

Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид е на чекор од освојување на титулата во шпанската лига, поведе со 2-0 во финалето против Мурсија, и на Кралевите им треба само уште еден триумф за титула.

Вечерва јунак на средбата во Мадрид беше Руди Фернандес, кој беше прв стрелец со 14 поени, а 39-годишниот бек имаше шутерско шоу, погоди четири тројки од четири обиди.

Руди беше испратен со овации бидејќи многу е веројатно ова да беше негов последен меч во Мадрид во кариерата. Тој игра за Реал Мадрид од 2012 година и заслужи вакво испраќање, иако теоретски можно е уште еднаш да заигра во салата во Мадрид доколку Мурсија направи чудо и дома двапати по ред го победи Реал, па да се избори за мајсторка во финалето.

https://twitter.com/i/status/1800261396212445194

- Оглас -

Најнови вести