Фудбалскиот аналитичар Раде Богдановиќ кој ги анализира мечевите на Србија на националната српска телевизија РТС, не беше задоволен од позицијата на која играше Душан Влаховиќ, но смета дека поразот од 0-1 од Англија не е трагедија.
„Целиот тим влезе во мечот со страв, немаше самодоверба. Имаме играч помалку во првите 45 минути, а тоа е Влаховиќ. За прв пат во животот откако го родила мајка му игра на десната страна, а центарфор е. Во нашата група ќе одлучува гол-разликата. Да ни кажеше некој пред натпреварот дека мораме да загубиме 0-1, тоа ќе беше идеален резултат. За прв пат по две години гледам нашата репрезентација игра дисциплинирано. Имавме повеќе посед од Англичаните во последните 15 минути, имавме неколку шанси. Индиспонираниот Митровиќ не можеше да придонесе повеќе, можеби е нормално затоа што игра во малку послаба лига, за разлика од многу наши играчи. Следните два меча ќе бидат тотално различни“, рече Богдановиќ.